Маркарт со чести ротации на играчи до победа над Пекабеско

Маркарт 6-3(3-1) Пекабеско

Маркарт: Пеце Стојановски 1′ 20′ 30′ 40′ Мартин Стојанов 4′ 39′
Пекабеско: Бобан Вујиќ 10′ Андрија Периќ 22′ 31′

Екипата на Маркарт имаше одличен старт во дуелот со екипата на Пекабеско и уште во првата минута успеа да постигне погодок за 1-0, неколку минути подоцна преку Стојанов и за водство од 2-0. Екипата на Пекабеско се обидуваше со сите сили да фати резултатски приклучок, што им успеа во 10та минута со погодокот на Вујиќ. До крајот на полувремето екипата на Маркарт успеа да постигне уште еден погодок за водство на полувреме од 3-1. На стартот од второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок и да се доближи на гол негатива, но екипата на Маркарт со честа ротација на играчи успеа да ја одрижи свежината во својот тим што на крајот и донесе победа од 6-3.