Матрикс 6-3(4-0) Леорон
Матрикс: Тони Брњарчевски 3” 25”, Стефан Смилевски 16” 20”, Ивица Амапиоски 19” 24”
Леорон: Ринор Мурати 27”, Амет Исмаили 28”, Мухамад Самра 39”
Екипата на Матрикс со гол во раната фаза од натпреварот во реализација на Брњарчевски 3” одлично го отвори дуелот со екипата на Леорон. Екипата на Леорон ги консолидира своите редови и успеа во неколку наврати преку добро изградени контра напади да го загрози голот на Матрикс, но не успеа да постигне гол. Во понатамошниот дел од првото полувреме и двете екипи играа егал се до 16” кога екипата на Матрикс по добро изградена акција крунисана со гол во реализација на Смилевски го зголеми водството на 2-0. Екипата на Матрикс продолжи со притисок во предно поле и тоа вроди повторно со плод во 19” и 20” со два погодоци во реализација на дуото Алапиоски-Смилевски, за водство од 4-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Леорон преку Мурати и Исмаили го намали резултатот и се обиде да фати резултатски приклучок, но екипата на Матрикс потпирајќи се на своето искуство не дозволи изненадување, успеа да го одржи својот препознатлив систем на игра кој вроди со плор и му донесе победа од 6-3.