Матрикс немаше сили за целосен пресврт во дуелот со ЕЛЕМ

Матрикс 4-6(2-2) ЕЛЕМ

Матрикс: Драган Брњарчевски 7’ 39’ Тони Брњарчевски 10’ Даниел Крстевски 38’
ЕЛЕМ: Душан Спасеноски 13’ Тихомир Груевски 7’ 34’ Горан Николов 27’ Шкиприм Руфати 23’

Натпреварот го отвори екипата на ЕЛЕМ уште во раноата фаза кога преку Груевски успеа да го изненади противничкиот голман со што поведе со 0-1. Набрзо екипата на Матрикс успеа да најде против игра и преку Брњарчевски успеа да израмни на 1-1. Матрикс продолжи со одличната игра и добрата поставеност па направи целосен пресврт бладарение на одличниот погодок на Т. Брњарчевски и поведе ос 2-1. Во тие моменти екипата на ЕЛЕМ изврши притисок во предно поле и преку контра напад во реализација на Спасеноски успеа да израмни на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ со голман играч успеа да го изненади Матрикс и со одлична реализација усепа резултатски дасе одвои. На 4 минути пред крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ имаше предност од 2-6 во тие моменти со два гола во низа Матрикс успеа да стигне до само два гола негатива 4-6. Во самата завршница Матрикс продолжи со силен притисок кон голот на противникот но ЕЛЕМ ја сочува предноста и славеше со 4-6.