Матрикс не дозволи изненадување и славеше над ФК на глуви Слобода

Матрикс 3-1(1-1) ФК на глуви Слобода

Матрикс: Дарко Цветковски 23’ Мирко Богевски 21’ Горан Манасиевски 11’
ФК на глуви Слобода: Илијас Бахтијар 5’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и Матрикс, прва до водство дојде екипата на ФК на глуви Слобода уште во 5та минута од натпреварот. По ова водство на ФК на глуви Слобода екипата на Матрикс го подигна тмпото на игра и во 11та минута успеа да го израмни натпреварот. До крајот на полувремето двете екипи имаа солидни шанси за погодок но имаа слаба реализација па на полувреме се замиона со 1-1. Во второто полувреме екипата на Матрикс имаше повеќе од играта и уште од самиот старт во 21та и 23та минута успеа да направи солидна предност од 3-1. По ова екипата на ФК на глуви Слобода притисна кон противничкиот голман со цел да дојде до израмнување на резултатот но екипата на Матрикс ги затвори приодите до својот гол и не дозволи изненадување во овој дуел. На крајот Матрикс славеше со 3-1.