Матрикс преку брзи контранапади до победа над Нетцетера

Матрикс 10-5(5-2) Нетцетера

Матрикс: Драган Брњарчевски 13’ 40’ Ивица Алампиоски 1’ 16’ Тони Брњарчевски 12’ Даниел Боневски 33’ 38’ Дарко Ацковиќ 10’ Дамјан Крстевски 29’ 36’
Нетцетера: Теодор Димитровски 9’ Евгениј Костадинов 4’ Филип Савевски 24’ 27’ 39’

Динамично прво полувреме во кое двете екипи настапија со брзо темпо на игра што изобилуваше со одлични потези. Екипата на Матрикс прва го отвори натпреварот уште во првата минута преку погодокот на Алампиоски. По ова рано водство, Нетцетера притисна во предното поле и до деветтата минута од полувремето успеа да направи целосен резултатски пресврт. Двете екипи играа отворен фудбал и со брзи контранапади постојано се менуваа во водството. До крајот на првото полувреме, екипата на Матрикс успеа повторно да поведе и да стекне солидна предност од 5-2. Во второто полувреме, екипата на Нетцетера ги консолидира своите редови и повторно атакуваше кон голот на противникот, успевајќи да ја стопи резултатската негатива на само еден гол, 5-4. Нетцетера во своите редови внесе голман-играч со цел да создаде вишок во нападот, но со тоа остави празнина во одбраната, што Матрикс вешто го искористи за лесна реализација и конечна победа во овој дуел со резултат од 10-5.