Матрикс 7-3(5-2) А1
Матрикс: Дарко Ацковиќ 1” 20”, Ивица Алампиоски 5”, Дамјан Крстевски 9” 12”, Тони Брњарчевски 27”, Даниел Боневски 38”
А1: Иван Митревски 18” 20”, Ненад Трајков 34”
Екипата на Матрикс во брз ритам го започна натпреварот со екипата на А1, и со гол преку голманот Ацковиќ,буквално во првата минута од натпреварот го превзеде водството од 1-0. Екипата на А1 со отворена игра и брзи контра напади создаде ноколку видни шанси за гол но недостигаше реализацијата. Матрикс од другата страна продолжи со одличниот ритам кој на игра кој сама го наметна, и до 12” преку дуото Алампиоски – Крстевски стигна до водство од 4-0. Во тие моменти А1 заира нешто по офанзивен фудбал и притисна во предно поле, па ваквата игра вроди со плод така што до крајот на првото полувреме со два последувателни гола ја намали предноста на Матрикс на 4-2. На самиот истек од првото полувреме Ацковиќ со шут од далечина го зголеми водството на Матрикс на 5-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со истата динамика на игра. Во 27” Матрикс со гол во реализација на Брњарчевски го зголеми водството на 6-2, по што А1 заигра по офанзивно и успеа повторно резултатски да се приближи преку голот на Трајков во 34”. Во завршните минути од натпреварот Боневски со гол за Матрикс ја запечати победата на својот тим, со краен разултат 7-3.