Матрикс со колективна игра до победа над Гранит

Матрикс 7-3(4-2) Гранит

Матрикс: Петре Даиловски 8’ 32’ Мирко Богески 18’ 19’ Антонио Богдановски 14’ Роберт Тасевски 24’ Симеон Коцевски 40’
Гранит: Дарко Петров 4’ 29’ Николче Глигуровски 13’

Одличен старт за екипата на Гранит во дуелот против Матрикс со погодокот на Петров во 4та минута за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Матрикс започна со силен притисок кон голот на Гранит што во 8та минута со прекрасниот погодок на Даиловски и донесе израмнување на 1-1. Неколку минути подоцна односно во 13та минута екипата на Гранит преку Глигуровски повторно го превзеде водството на 1-2, следуваше брз одговор на екипата на Матрикс со погодокот на Богдановски и израмнвуање во 14та минута. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа преку два брзи погодоци на Богески да стекне солидна предност од 4-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во која екипата на Матрикс успеваше да го контролира резултатот и покрај обидите на Гранит да фати резултатски приклучок. Екипата на Гранит успеа да креира неколку шанси за погодок но не успеа да реалзира а тоа го кознуваше екипата на Матрикс за победа од 7-3 во овој натпревар.