Матрикс со одлична завршница до победата над Халк Банка

Матрикс 6-3(1-2) Халк Банка

Матрикс: Даниел Боневски 32’ 40’ Виктор Петровски 8’ 31’ 38’ Стефан Смилевски 39’
Халк Банка: Дарко Крстевски 9’ 16’ Мартин Дамевски 29’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Халк Банка, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на Матрикс прва го отвори резултатот со погодокот на Петровски во 8та минута, екипата на Халк Банка само минута подоцна во 9та минута со погодокот на Крстевски успеа да израмни на 1-1. До крајот од полувремето екипата на Халк Банка успеа да имаше подобра реализација и со погодокот на Крстевски успеа да дојде до предност од 1-2 резултат со кој замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс ги консолидира своите редови и со два погодоци во низа успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3 што ја направи завршницата на овој меч вистинска драма.Во ваквата драматична завршница двете екипи имаа одлични шанси но екипата на Матрикс имаше подобра реализација па на крајот од овој натпревар славеше со 6-3.