
Окта 3-14(1-5) Матрикс
Окта: Филип Петковски 10’ 24’ Владислав Илиќ 39’
Матрикс: Предраг Стојмировиќ 17’ Драган Брњарчевски 6’ 14’ 26’ 29’ 33’ 40’ Тони Брњарчевски 9’ 22’ Данеил Боневски 27’ 28’ 35’ 40’ Даниел Крстевски 17’
Деветото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Окта и Матрикс, екипата на Матрикс имаше одличен почеток и во раната фаза со два погодоци успеа да поведе со 0-2. Екипата на Окта успеа да ги консолидирасвоите редови и по одлично изработена акција успеа да намали на 1-2. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше екипата на Матрикс успеа преку Брњарчевски да зголеми на 1-3. Екипата на Окта не успеа да искористи играч повеќе по груб старт на противникот па на полувремето екипата на Матрикс замина со предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со отворена игра која и донесе одлична предност. Екипата на Окта се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Матрикс ја имаше предноста на своја страна. Екипата на Матрикс ја одржи предноста од полувремето и на крајот од овој дуел славеше со резултат 3-14.