Матрикс со одлична игра до сигурна победа над Транском

Матрикс 10-3(5-1) Транском

Матрикс: Тони Брњарчевски 2’ 3’ 12’ 22’ Даниел Боневски 15’ 31’ 40’ Виктор Петровски 3’ 29’ Ивица Алампиовски 39’
Транском: Бојан Мирчевски 1’ Марио Јуканаев 38’ 38’

Екипата на Транском одлично го започна дуелот со екипата на матрикс тие уште во првата минута од натпреварот успеаа да реализираат за водство од 0-1 со погодокот на Мирчевски. Екипата на Матрикс брзо ги консолидира своите редови и ја наметнаа својата препознатлива игра што им донесе целосен резултатски пресврт уште во 3та минута од полувремето. Екипата на Матрикс продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство кое до полувремето изнесуваше високи 5-1. Во второто полувреме екипата на Трансмет започна да врши силен притисок кон голот на Матрикс но недостасуваше силна завршница. Оваа слаба реализација ја искористи екипата на Матрикс за да казни на спротивната страна и да стекне висока предност. Екипата на Транском немаше решение за денес расположените Матрикс па на крајот го загуби овој натпревар со 10-3.