
Матрикс 5-3(1-1) Алма М
Матрикс: Предраг Стојмировиќ 22’ Драган Брњарчевски 13’ Тони Брњарчевски 27’ 28’ 30’
Алма М: Абдула Фера 12’ 39’ Јетмир Арифовиќ 27’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Алма М, двете екипи во овој натпревар влегоа со офанзивна игра и цврста одбрана а шансата за реализација ја бараа преку брзи контра напади. Екипата на Алма М прва го отвори резултатот во 12та со погодокот на Фера, но Матрикс имаше брз одговор и веќе во следниот напад со погодокот на Брњарчевски успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше и екипите се почесто се закануваа кон голот на противникот, но голманите беа на ниво на задачата па не дозволуваа лесни погодоци. До крајот на полувремето ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на паузата заминаа со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Матрикс ја превзема улогата на фаворит и се почесто успеваше да дојде до изгледни шанис за гол кои успеа да ги искористи. Екипата на Матрикс успеа да дојде до предност од 5-2 што ја примора екипата на Алма М да направи тактички промени во својата игра, овие промени донесоа само намалување на разликата но не и целосен пресврт. Матрикс славеше во овој дуел со 5-3.