Матрикс со погодок во последната минута до победата над Авенга

Матрикс 3-2(2-2) Авенга

Матрикс: Даниел Боневски 8’ Давид Блажевски 18’ Тони Брњарчевски 40’
Авенга: Ендрит Муареми 6’ 11’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Авенга, двете екипи со брза и динамична игра влагоа во ова прво полувреме. Екипата на Авена прва го отвори резултатот со погодкот на Муареми во 6та минута од полувремето, екипата на Матрикс имаше брз одговор со погодокот на Боневски само две минути подоцна во 8та минута за 1-1. Екипите продолжија со одлична игра па Авенга во 11та минута со вториот погодок на Муареми успеаа да дојдат до повторно водство од 1-2. Екипата на Матрикс во завршницата на полувремето успеа преку Блажевски да дојде до повторно израмнување на резултатот на 2-2, резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипите продолжија со цврста и израмнета игра, екипите со офанзивна и цврста игра се почесто доаѓаа до отворени шанси за гол но голманите беа на висина на задачата па мрежите мируваа. Како се ближеше крајот на натпреварот темпото на игра се подигаше си играше на раб на фаул и екипите ја бараа својата шанса да го зиненадат противникот и да дојдат до подовите. Во самата завршница екипа на Матрикс со погодокот на Брњарчевси успеа да дојде победата со резултат од 3-2 и трите бода.

Играч на натпреварот: Тони Брњарчевски (Матрикс)