Матрикс со пресврт во второто полувреме до победа над Кромберг & Шуберт

Матрикс 4-2(0-1) Кромберг & Шуберт

Матрикс: Ивица Алампиоски 29’ Тони Брњарчевски 24’ 40’ Даниел Боневски 22’
Кромберг & Шуберт: Зоран Талевски 38’ Ице Марковски 14’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Кромберг & Шуберт, двете екипи во овој дуел влегоа силно мотивирани. Од самиот старт се играше отворен фудбал во високо темпо, екипата на Кромберг & Шуберт успеа да го отвори резултатот во 14та минута со одличен погодок на Марковски. По оваа негатива екипата на Матрикс започна со силен притисок во предно поле, но Кромберг & Шуберт со одлично поставена одбрана не дозволуваше лесен погодок. Па на полувремето екипата на Кромберг & Шуберт замина со минимална предност од 0-1. Во второто полувреме екипата на Матрикс успеа да дојде до израмнување на резултатот во 22та минута со погодокот на Боневски, а две минути подоцна преку Брњарчевски успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. Екипата на Кромберг & Шуберт започна со поофанзивна игра, но подзаборави на одбраната што Матрикс вешто го искористи за зголемување на водството на 3-1. До крајот на натпреварот Кромберг & Шуберт го користеше својот голман како голман играч со цел да створи вишок во нападот но Матрикс не дозволи изненадување па на пракот од овој дуел славеше со 4-2.