Матрикс со пресврт во второто полувреме до сигурна победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Матрикс 10-3(1-1) Фабрика Карпош – ГИМ

Матрикс: Петре Даиловски 26’ 30’ 39’ Драган Брњарчевски 20’ 26’ Ивица Аламиоски 34’ Тони Брњарчевски 31’ 37’ 39’ 40’
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 5’ 36’ Кристијан Панев 29’

Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со Матрикс тие уште на самиот почеток од првото полувреме поточно во 5та минута преку погодокот на Илиевски успеаа да дојдат до предност од 0-1. По оваа негатива екипата на Матрикс ја превзема иницијативата и притисна кон голот на Фабрика Карпош со цел да дојде до израмнување, но Фабрика Карпош одлично ја имаше поставено својата одбрана и не оставаше простор за Матрикс да реализира. Сепак во последната секунда од првото полувреме екипата на Матрикс искористи грешка на голманот и погоди за 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со притисокот кон голот на Фабрика Карпош и со неколку одлични погодоци успеа резултатски да се одвои. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше кратка клупа па не успеа да го издржи високото темпо на игра кое екипата на Матрикс го наметна во второто полувреме. Екипата на Матрикс од минута во минута го зголемуваше водството и на крајот славеше со убедливи 10-3.