
Матрикс 6-2(2-0) Макстил
Матрикс: Тони Брњарчевски 13’ 33’ Даниел Крстевски 19’ 30’ Даниел Боневски 24’ Драган Брњарчевски 36’
Макстил: Муарем Исмаили 36’ Мартин Лазев 39’
Петнаесеттото коло на Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипте на Матрикс и Макстил, двете екипи со отворена и брза игра се обидуваа да дојдат до брз погодок. Екипите иако имаа брза игра и многу шанси за погодок голманите беа на ниво на задачата па не дозволуваа лесни погодоци. Екипата на Матрикс во 13та минута успеа да реализира одличен погодок преку Брњарчевски и да поведе со 1-0, ова им даде дополнителен мотив да притиснат во предно поле и почесто да се закануваат кон голот на противникот. Во финишот од полувреме екипата на Матрикс преку Крстевски успеа да зголеми на 2-0 резултат со кој заминаа на пауизата. Во второто полувреме екипата на Макстил се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, но екипата на Матрикс ја пронајде својата игра и од минута во минута ја зголемуваше резултатската предност. До крајот на натпреварот екипата на Макстил успеа да реализира погодок само да ја ублажи негативата но Матрикс ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот славеше со 6-2.