
ЕЛЕМ 2-3(1-1) Матрикс
ЕЛЕМ: Ледрон Кадриу 5’ 27’
Матрикс: Тони Брњарчевски 39’ Дарко Ацковиќ 16’ 40’
Израмнето прво полувреме прикажаа на теренот екипите на ЕЛЕМ и Матрикс, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворена игра во високо темпо. Екипта на ЕЛЕМ го отвори резултатот во 5та со погодокот на Кадриу, ова ја примора екипата на Матрикс да ја заврсти играта во одбраната и преку брзи контра напади се обидуваше да дојде до резултатско израмнување. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и се почесто се закануваа кон противничките голови. Во завршницата на првото полувреме екипата на Матрикс силно притисна во предно поле и успеа да дојде до израмнување од 1-1 резултат со кој се замина на пазаута. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра на теренот екипите беа израмнети, екипата на ЕЛЕМ повторно дојде до минимална предност во 27та минута со вториот погодок на Кадриу. Екипата на Матрикс по оваа негатива целосно се префрли на противничката половина, екипата на ЕЛЕМ успеваше со цврста одбрана да ги одбие налетите на Матрикс се до самата завршница кога екипата на Матрикс со два погодоци во низа преку Брњарчевски и Ацковиќ успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и да слави со резултат од 2-3.