Мицевски сп четири гола ја водеше Окта до победа во дуелот со ЈСП

ЈСП 3-7(1-3) Окта

ЈСП: Гоце Крстевски 11”, Љупчо Павлович 21”, Мартин Ливрински 34” 40”

Окта: Иван Мицевски: 10” 11” 13” 37”, Наум Костовски 29”, Владислав Илиќ 38”, Иван Димитриевски 40”

Со цврта дефанзивна игра и контролинани напади и на двете страни започна дуелот помеѓу екипите на ЈСП и Окта. И двете екипи градеа добро промислени напади како би дошле до отворени шанси за гол, но одбраната и на двете страни беше цврста и безкомпромисна па така до средината на првото полувреме мрежичките останаа да висат мирно и кај двете екипи. Прва до погодок дојде екипата на Окта токму во 10” кога Иван Мицевски одлично искористи контра напад и со гол и донесе водство на својата екипа од 0-1. Но по само неколку секунди Крстевски со маестрален шут од далечина постигна гол за 1-1 со што ЈСП дојде до изрмнување. Вечерва расположениот Мицевски кај Окта не губеше време, па со два погодоци во низа за резултат 1-3 повторно го врати водството кај Окта, резултат на полувремето 1-3.
Второто полувреме екипата на ЈСП го отвори со гол уште во првата минута, со погодок во реализација на Павлович за резултат 2-3 и само еден гол негатива. По овој примен гол, екипата на Окта почна да игра нешто по офанзивен и отворен фудбал, градејќи одлични акции на кои не им изостануваше реализацијата па така од минута во минута го зголемуваше водството. ЈСП се обиде со зачестени измени и помош од клупата да го прати темпото кое Окта го наметна но ЈСП успеа во тоа само делумно. Окта ја задржа контролата над играта речиси цело второ полувреме и на крајот славеше со резултат 4-7.