
С.Ц. Борис Трајковски 7-8(2-4) LC Waikiki
С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 1”, Даниел Апостоловски 5” 25” 31”, Јован Димовски 23” 33” 40”
LC Waikiki: Есер Сулејмани 6” 13”, Џемаил Рамадани 9”, Мустафа Мустафа 19” 40”, Фуркан Фетаи 21” Амир Идризи 22”, Адмир Халилович 38”
Во првото полувреме екипите на С.Ц. Борис Трајковски и LC Waikiki играа отворен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. И на двете страни се играше одлично поставен напад преку кој и двете екипи доаѓаа до отворена шанса аз гол. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски поведе преку Костовски во првата минута, на кој му се приклучи Aпостоловски во 5” со што С.Ц. Борис Трајковски стигна до предност од 2-0. Во тие моменти LC Waikiki со тимска игра успеа да постигне четири гола во низа и да направи целосен пресврт и да стигне до предност од 2-4, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме се играше егал натпревар. Кај С.Ц. Борис Трајковски проработе дуото Димовски- Апостоловски преку кој С.Ц. Борис Трајковски успеа да фати резултатски приклучок. Екипата на LC Waikiki со чести измени и колективна игра држеше висок ритам што им овозможи во самиот финиш да влезат во егал завршница при резултат 7-7. На 30 секунди до крајот на натпреварот екипата на LC Waikiki го имаше во своите редови расположениот Мустафа кој беше присебен и постигна погодок за минимална победа од 7-8.