На стартот на пролетниот дел Лукоил во вистинска форма

ЈП Водовод 6-11(2-4) Лукоил

ЈП Водовод: Авни Ајвази 18’ 40’ Стојанче Величковски 31’ Стефан Лазарески 19’ 23’ 37’
Лукоил: Марјан Цветковски 10’ Дејан Зиков 9’ 23’ 32’ Мартин Алаѓозовски 20’ 34’ 38’ Антонио Фенов 1’ 11’ 4’ Владимир Секуловски 39’

Уште на самиот старт во дуелот помеѓу Водовод и Лукоил, екипата на Лукоил беше таа која ја превзеде инцијативата и успеа да постигне погодок уште во првата минута за водство од 0-1. Овој рано постигнат погодок и даде мотив за уште поагресивно да тргне кон голот на Водовод за веќе во 11та минута да се стекне со водство од 0-4. Екипата на Водовод се обидуваше на повеќе начини да фати резултатски притисок но не успеа во таа намера па на полувреме се замина со предност од 2-4 за Лукоил. Во второто полувреме екипата на Водовод вршеше жесток притисок кон голот на Лукоил со цел да ја намали резултатска разлика, но екипата на Лукоил го контролираше резултатот и играта па го доби овој натпревар со 6-11.