Нетцетера на крилата на Димитровски до победа над Макстил

Макстил 4-9(2-5) Нетцетера

Макстил: Бојковски Бобан 11’ 28’ 33’ Ивица Величковски 3’
Нетцетера: Ѓорѓи Марков 25’ Теодор Димитровски 1’ 3’ 9’ 23’ 29’ Евгениј Костадинов 2’ 22’ Филип Савевски 10’

Одличен почеток за екипата на Нетцетера во дуелот со Макстил, тие на самиот старт на натпреварот со удар од далечина го изненадија противничкиот голман и преку Димитровски поведоа со 0-1. Ова им даде дополнителен мотив па само минута подоцна успеаа да зголемат на 0-2. Екипата на Макстил по оваа негатива брзо одговори преку Величковски намали на само еден гол негатива. Двете екипи прикажаа отворена игра на теренот што во првото полувреме ни донесе доста погодоци, до крајот на полувремето екипата на Макстил притискаше во предно поле со цел да ја намали негативата но Нетцетера со брзи контра напади го зголемуваше водството кое на полувремето изнесуваше 2-5. Во второто полувреме екипата на Макстил започна со поагресивна игра во високо темпо и се почесто се закануваше кон голот на противникот, но екипата на Нетцетера одлично ја постави одбраната не дозволуваше лесни погодоци и преку брзи контра напади успеваше да реализира. Кај екипата на Нетцетера Димитровски имаше своја вечер и ја осигура победата на својот тим. Екипата на Макстил со кратка клупа и доста повреди во тимот немаше сили да се спротистави на денес одличните Нетцетера кои денес славеа со убедливи 4-9.