Нетцетера со голман играч до победата над Киел

Киел 3-7(0-3) Нетцетера

Киел: Душко Димитријевски 37’ Роберт Дамески 23’ 32’
Нетцетера: Ѓорѓи Марков 40’ Теодор Димитровски 39’ Евгениј Костадинов 15’ Кирил Костов 14’ Михаил Теговски 22’ 29’ Иван Илиески 20’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Киел и Нетцетера, двете екипи настапија со цврсто поставена одбрана и брзи контра напади. Екипата на Нетцетера во своите редови настапи со голман играч преку кој ствараа вишок во нападот и се почесто се закануваа кон голот на противникот. Екипата на Нетцетера преку Костов во 14та минута успеа да реализира и да поведе со 0-1, а веќе во следниот напад преку Костадинов успеаа да зголемат на 0-2. До крајот на полувремето екипата на Нетцетера успеа да зголеми на 0-3 резултат со кој замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Нетцетера продолжи со одличната игра и зголемување на водството екипата на Киел се обидуваше да најде против игра и резултатски да се врати во натпреварот. До крајот на дуелот екипата на Киел успеа да реализира неколку погодоци но немаше сили за целосен резултатски пресврт, па на крајот екипата на Нетцетера славеше со 3-7.