Транском 6-8(3-3) Нетцетера
Транском: Бојан Мирчевски 7” 26” 33”, Садам Мурселовски 13”, Венхар Хера 20” 23”
Нетцетера: Теодор Димитровски 6” 13” 22” 28”, Ѓорѓи Марков 7”, Мирослав Радиќ 25”, Иван Илиевски 36”
Во отворен фудбал започна натпреварот помеѓу екипите на Транском и Нетцетера. И двете екипи беа одлично постевени во делот на нападот и со брзи проигрувања доаѓаа до отворени шанси за гол. Во ваквата игра, прва до водство дојде екипата на Нетцетера преку Димитровски 7” кој одлично искористи кратко невниманије во одбраната на Транском, и и донесе водство на својата екипа од 0-1. За неполна минута на Димитровски му се придружи и Марков 7” кој го зголеми водството на Нетцетера на 0-2. Екипата на Транском набрзо ги консолидира своите редови и со притисок во предно поле, преку дуото Мирчевски-Мурселовски успеа резултатски да се врати во овој наптревар и да израмни на 2-2 до 13та минута, но не се играше долго егал бидејки Димитровски за неполна минута со погодок за Нетцетера повторно и донесе водство на својата екипа од 2-3. Во самиот финиш од првото полувреме Хера 20” со висок пресинг успеа да ја одземе топката од одбраната на Нетцетера и со одличен гол да повторно да го израмни резултатот на 3-3, резултат со кој се оиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, максилмално мотивирани. И двете екипи ја задржаа високата динамика на играта, особено во делот на во нападот, и со креативни асистенции проследени со одлична реализација, и двете екипи од минута во минута го зголемуваа водството, па така до 33та минута резултатот беше израмнет на 6-6. Нианси го решаваа овој натпревар, па така во 36” Нетцетера преку Илиевски успеа да дојде до гол предност, 6-7. Во тие моменти екипата на Транском постави акцент на цврстата игра во одбраната, но се чинеше дека е предоцна, па во завршните секунди од второто полувреме, Нетцетера гол преку Радиќ 40” ја осигура победата. Конечен резултат 6-4.