Алма М 2-3(5-7) Нетцетера
Домаќини: Мухамед Муртезани 6”, Абдул Афера 9” 34” 36” 39”
Гости: Евгени Костадинов 2” 22”, Ѓорѓи Марков 4”, Mихаил Теговски 14” 26”, Филип Савевски 24”, Мирослав Радиќ 30”
Ви динамичен ритам започна дуелот помеѓу екипите на Алма М и Нетцетера. И двете екипи настапија мошне мотивирано уште од првата минута, играјќу отворен фудбал со изразен акцент на играта во нападот. Прва до гол дојде екипата на Нетцетера во раната фаза од натпреварот со погодок во реализација на Костадинов 2”, а за неполни две минут му се приклучи и соиграчот Марков 4” со што практично Нетцетера дојде до водство од 0-2 до 4-та минута. Во тие моменти екипата на Алма М заигра нешто по офанзивен фудбал и тоа вроди со плод па до 9” преку дуото Муртезани – Афера стигна до израмнување на резултатот на 2-2. Се играше егал фудбал се до 14” кога Теговски кај Нетцерера искористи пропуст во одбраната на Алма М и постигна гол за повторно водство на Нетцетера од 2-3, резултат со кој се оиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Алма М успеа да направи притисок во предно поле користејќи го својот голман како голман-играч. Оваа тактика вроди со плод. Од минута во минута резултатски успеваа да се приближат. Во самиот финиш упеаа да дојдат до само два гола негатива при резултат 5-7, но Нетцетера успеа да биде присебна во овие моменти и да не дозволи целосен резултатски пресвртпа на крајот славеше со 5-7.