Нетцетера со одлична завршница до победата над Халк Банка

Халк Банка 5-8(4-3) Нетцетера

Халк Банка: Дарко Крстевски 20’ Влатко Блажевски 1’ Александар Савески 12’ Апостол Ангелковски 18’ 28’
Нетцетера: Ѓорѓи Марков 17’ 36’ Теодор Димитровски 11’ 25’ Кирил Костов 5’ Мирослав Радиќ 34’ 35’ 39’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Нетцетера, двете екипи од самиот старт влегоа во овој дуел силно мотивирани. Екипата на Халк Банка го отвори резултатот уште во 1та минута од натпреварот, по ова рано водство екипата на Нетцетера брзо одговори во 5та минута и успеа да дојде до израмнување на 1-1. Како одминуваше времето екипите се почесто се закануваа кон голот на противникот и имаа одлични реализација, но екипата на Халк Банка во самата завршница успеа да реализира за минимална предност од 4-3. Во второто полувреме се продолжи со егал натпревар двете екипи играа со одлична поставеност во одбраната и брзи контра напди. Екипата на Халк Банка успеваше да одржи минимална предност но екипата на Нетцетера во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и со ваквата игра успеа да дојде до повторно израмнување на 5-5 што ја направи завршницата на овој натпревар доста интересна. Во ваквата завршница блесна екипата на Нетцетера која преку Радиќ и Марков створи предност која им ја донесе победата во овој дуел со резултат од 5-8.