Нетцетера 6-5(4-3) Макстил
Нетцетера: Ѓорѓи Марков 12’ Теодор Димитровски 14’ 24’ Евгениј Костадинов 19’ Филип Савевски 11’ 38’
Макстил: Милошевски Цветанчо 9’ Бојан Неделковски 14’ 28’ Мартин Лазев 6’ 30’
Одлично прво полувреме за екипата на Макстил во дуелот со Нетцетера, тие од самиот старт започнаа со силен притисок кон противничкиот гол што им донесе предност во 6та минута од полувремето со погодокот на Лазев. Екипата на Макстил успеа да искористи уште една грешка во одбраната на Нетцетера и преку голманот Милошевски кој успеа да реализира одличен погодок од далечина зголеми на 0-2. Екипата на Нетцетера успеа да ја консолидира играта и со брзи контра напади и погодоци на Савевски и Марков успеаа да дојдат до израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипите беа рамноправни на теренот се до самата завршница кога Нетцетера успеа да поведе со 4-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Макстил почесто се закануваше кон голот на противникот со цел да дојде до резултатско израмнување, но Нетцетера ја искористи отворената игра на противникот и преку брз контранапад успеа да зголеми на 5-3. Екипата на Макстил успеа да дојде до повторно израмнување на 5-5 во 30та минута што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Нетцетера имаше подобра реализација па на крајот славеше со 6-5.