Нетцетера со одлично второ полувреме до победа во дуелот со Стопанска Банка

Стопанска Банка 2-6(2-1) Нетцетера

Стопанска Банка: Дарко Симјановски 9” 18”
Нетцетера: Евгени Костадинов 17”, Мартин Јовановски 22”, Теодор Димитриевски 30” 36”, Филип Савевски 31”, Мирослав Радиќ 32”

Со крајно цврста и динамична игра екипите на Стопанска Банка и Нетцетара го отпочнаа овој натпревар. Екипата на Стопанска Банка во 9” во реализација на Симјановски успеа да постигне гол си кој поведе со 1-0. И двете екипи играа израмнет фудбал со многу шанси за гол и на двете страни. Во ваквата игра Костадинов кај Нетцетера со гол во 17” успеа да го израмни резултатот на 1-1.Во понатамошниот дел од натпреварот, по неполна миута, во реализација на вечерва расположениот Симјановски 18”, екипата на Стопанска Банка успеа повторно да поведе со резултат 2-1.
Во второто полувреме екипата на Нетцетера ја превзеде иницијативата, особено во делот на нападот, каде реализацијаата воопштно не изостана. Во таквата игра, Нетцетера преку брзи и прецизни проигрувања проследени со одлична реализација, успеа да го сврти текот на натпреварот во своја полза и до средината на второто полувреме не само што израмни туку и поведе со резултат 3-1. Екипата на Стопанска Банка се обиде со чести измени да фати резултатски приклучок, но не успеа да го фати ритамот на Нетцетера, па на крајот Нетцетера славеше со резултат 2-6.