
Нетцетера 6-2(2-2) ТАВ
Нетцетера: Теодор Димитровски 16’ 21’ 33’ Евгениј Костадинов 40’ Мирослав Радиќ 11’ 31’
ТАВ: Ивица Продановски 9’ Сеат Демири 10’
Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Нетцетера и ТАВ, двете екипи силно мотивирани со голман играч го започнаа овој дуел. Екипите често се закануваа кон голот на противникот, екипата на ТАВ имаше подобра завршница па во 9та минута успеаа да го отворат резултатот. Веќе во следната акција успеаа да зголемат на 0-2 со погодокот на Демири , екипата на Нетцетера брзо ги консолидира своите редови и успеа да намали на 1-2 во 11та минута со погодокот на Радиќ. До крајот на полувремето екипата на Нетцетера успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. Во второто полувреме уште во првата минута екипата на Нетцетера успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од 3-2. Како одминуваше времето екипата на Нетцетера успеа да ја зголеми резултатската предност на 5-2. Екипата на ТАВ често се закануваше кон голот на противникот но не успеваше да дојде до реализација. Екипата на Нетцетера во завршницаа ги затвори пристапите до својот гол и на крајот од овој дуел славеше со 6-2.