Нухиу со хет-трик во второто полувреме ја водеше УНИКА до победа во дуелот со ТАВ

ТАВ 4-6(1-3) УНИКА

ТАВ: Сеат Демири 2”, Алмир Имер 30” 40”, Сабри Лесковица 36”
УНИКА: Ербин Даци 10”, Беким Љута 11”, Рони Адеми 17”, Арбен Нухиу 25” 26” 40”

Со гол во првата минута од натпреварот во реализација на Демири, екипата на ТАВ одчино го отвори дуелот со екипата на УНИКА. Екипата на УНИКА не губеше време и потпирајќи се на своето искуство веднаш ја консолидира својата игра ставајќи акцент на цврстата игра во одбраната. Со добро поставената одбрана, екипата на УНИКА можеше да се посвети на реализација во предно поле. Тоа им тргна од рака во средината на првото полувреме кога кај УНИКА проработе дуото Даци – Љута и до 11” ја донесоа својата екипа во предност од 2-1. Натпреварот влезе во егал фаза во која и двете екипи успешно се бранеа од нападите на противникот, се до 17” кога Адеми кај УНИКА гол и донесе водство на својата екипа од 1-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со одличната игра. Кај УНИКА проработе А. Нухиу кој со два гола во низа до 26” го зголеми водството на својата екипа на високи 1-5. Во тие моменту ТАВ наметна поголем притисок во предно поле и тоа вроди со плод преку дуото Имер-Лесковица резултатски се врати во овој натпревар со резултат 3-5. УНИКА потпирајќи се на своето искуство не дозволи изненадување и со гол за хет-трик во 40” во реализација на вечерва расположениот А. Нухиу славеше победа на натпревар со ТАВ со резултат 4-6.