Окта и Пекабеско ги поделија бодовите

Пекабеско 3-3(1-2) Окта

Пекабеско: Александар Арсиќ 33’ Мартин Чаловски 28’ Никола Миновски 3’
Окта: Живко Котевски 40’ Драганче Стојновски 5’ 18’

Одличен старт за екипата на Пекабеско во дуелот со Окта со погодок во 3та минута за водство од 1-0. Неколку минути подоцна односно во 5та минута екипата на Окта спреми одговор и успеа да дојде до израмнување. По ова израмнување екипата на Окта започна со поагресивна игра и се префрли на противничко поле што и донесе предност од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Пекабеско започна со силен притисок па успеа преку Чаловски во 28та минута да дојде до израмнување. Во 33та миута од натпреварот екипата на Пекабеско преку Арсиќ успеа да реализира еден контра напад за целосен пресврт и предност од 3-2. До крајот на натпреварот екипата на Окта вршеше притисок и со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, во што успеа во последната минута од натпреварот за реми од 3-3.