Окта и ЈСП во цврст натпревар до поделба на бодовите

Окта 2-2(1-1) ЈСП

Окта: Тино Трајковски 9’ Наум Костовски 26’
ЈСП: Љупчо Павловиќ 35’ Дарко Патров 18’

Цврсто и израмнето прво полувреме екпите на Окта и ЈСП во овој дуел влегоа претпазливи без подценување на противникот. Двете екипи играа отворен фудбал користејќи ги своите голмани со цел да створат играч плус во нападот, ваквата игра и донесе предност на екипата на Окта во 9та минута кога искористи пропуст во одбраната на ЈСП. По оваа негатива екипата на ЈСП го подигна темпото на игра и се обидуваше да ја нулира предноста на Окта. До крајот на полувремето екипата на ЈСП притискаше кон голот на Окта што во 18та минута преку голманот Кртевски и завршница на Патров им донсе 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме двете екипи продолжија во ист ритам се играше крајно израмнет натпревар. Екипата на Окта преку Костовски успеа да поведе со 2-1, но искуството на ЈСП им дозволи да останат смирени и преку Павловиќ во 35та да успеат да израмнат на 2-2. До крајот на натпреварот двете екипи имаа одлични шанси но слаба реализација па на крајот екипите ги поделија бодовите.