
Алкалоид 4-3(3-0) Окта
Алкалоид: Стефан Димовски 5’ Синиша Петровски 11’ Николче Дамјановски 21’ Бојан Ристевски 10’
Окта: Живко Котевски 38’ Иван Мицевски 38’ 39’
Цврсто прво полувреме ни прикажаа екипите на Алкалоид и Окта, двете екипи во овој дуел влегоа со одлично поставена одбрана а шансата за погодок ја бараа преку контра напади. Екипата на Алкалоид во 8та минута успеа да искористи грешка во одбраната на Окта и поведе со резултат од 1-0. Екипата на Окта вршеше силен притисок кон голот на противникот, но Алкалоид со брзи контра напади успеа да ги најде пукнатините во одбраната на Окта и да ја зголемува резултатската предност па на паузата Алкалоид замина со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Алкалоид продолжи со одлична игра и ја зголеми предноста на 4-0 што ја примора екипата на Окта да направи тактички промени во својот состав. Окта во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и почесто да дојде до отворени шанси за гол. Екипата на Окта успеа да реализира неколку погодоци и да ја стопи предноста во завршницата но не доволно да ја изненади екипата на Алкалоид кои на крајот од овој дуел славеа со 4-3.