Окта со одлична игра до победата во дуелот со Макстил

Макстил 5-7(2-5) Окта

Макстил: Идризи Ридван 35’ Лазев Мартин 33’ Бојковски Бобан 39’ божинов Александар 2’ 9’
Окта: Александар Јовчевски 6’ Наум Костовски 18’ Владислав Илиќ 23’ Иван Димитриевски 17’ Борче Бојковски 7’ 12’ 24’

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Макстил и Окта, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој натпревар што ни донесе погодоци во раната фаза. Макстил го отвори резултатот со погодокот на Божинов но екипата на Окта имаше одоговор па до 7та минута со погодоците на Бојковски и Јовчевски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. Екипата на Макстил вршеше силен притисок кон голот на противникот и успеа во 9та минута да дојде до повторно израмнување на резултатот на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Окта успеа да дојде до повторно водство и на паузата замина со солидна предност од 2-5. Во второто полувреме екипата на Макстил ги консолидираше своите редови и почна со силен притисок да ја намалува резултатската разлика. Сепак екипата на Окта искусно го затвори притапот до својот гол не дозволи изненадување и славеше на крајот од овој дуел со резултат од 5-7.