Окта со одлична реализација до сигурна победа над ЈСП

Окта 8-2(3-0) ЈСП

Окта: Александар Јовчевски 26’ Бојан Станковиќ 19’ Иван Мицевски 2’ 9’ 24’ 35’ Борче Бојковски 29’ Марко Илиевски 38’
ЈСП: Мартин Ливрински 28’ 32’

Одличен почеток имаше екипата на Окта во дуелот со ЈСП. Уште во 2. минута, Иван Мицевски успеа да ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0. По почетниот погодок, ЈСП се обиде да одговори со поофанзивна игра, но отворениот пристап му остави простор на противникот за нови напади. Мицевски го искористи тоа и во 9. минута зголеми на 2-0. Овој развој на настаните ја натера екипата на ЈСП да побара тајм-аут и да направи тактички промени во играта. Сепак, Окта продолжи со сигурна игра во одбраната, а во 19. минута Бојан Станковиќ постигна погодок за водство од 3-0, резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме, Окта продолжи со одличната игра и ефикасната реализација, постепено зголемувајќи ја предноста. Иван Мицевски уште двапати се запиша меѓу стрелците, а придонес во убедливата победа дадоа и Александар Јовчевски, Борче Бојковски и Марко Илиевски. ЈСП преку два погодоци на Мартин Ливрински успеа да ја ублажи негативата, но не и да го загрози водството на противникот. Окта ја задржа контролата врз играта и резултатот и заслужено славеше со конечни 8-2.

Играч на натпреварот: Иван Мицевски (Окта)