Окта со пресврт до победата над Стопанска Банка

Стопанска Банка 3-6(2-0) Окта

Стопанска Банка: Дарко Симјановски 3’ 21’ Кристијан Богдановски 7’
Окта: Живко Котевски 40’ Владислав Илиќ 32’ Бојан Станковиќ 23’ 24’ Иван Мицевски 25’ 36’

16то коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Стопанска Банка и Окта, екипата на Стопанска Банка имаше одличен почеток и успеа да реализира преку Симјановски во 3та минута. Екипата на Окта се чинеше како да не може да влезе во својот ритам, што противникот го искористи за зголемување на предноста на 2-0 во 7та минута. Екипата на Окта се обидуваше со брзи контра напади резултатски да се врати во натпреварот но Стопанска Банка одлично го затвори пристапот кон својот гол па на паузата замина со предност од 2-0. Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка продолжи со одлична игра и уште во првата минута од второто полувреме зголеми на 3-0. Ова ја примора екипата на Окта да направи тактички измени и во игра да внесе голман играч, ваквата тактика вроди со плод па со два погодоци на Станковиќ и еден на Мицевски екипата на Окта успеа до 25та минута да израмни на 3-3. Како одминуваше времето екипата на Окта продолжи со притисок кон голот на Стопанска со цел да дојде до целосен резултатски пресврт. Екипата на Окта успеа во тоа во 32та минута со погодокот на Илиќ и поведе со 3-4, ваквата динамична игра ја направи завршницата доста интересна. До крајот на натпреварот екипата на Окта успеа да го зголеми водството на 3-6 и да ја осигура победата во овој дуел.