Окта 6-4(3-1) Алма М
Окта: Иван Мицевски 8”, Иван Димитриевски 15” 34”, Борче Бојковски 19” 24”, Владислав Илиќ 25”
Алма М: Бесир Абдула 11”, Берат Лимани 26” 31”, Александар Таневски 29”
Натпреварот помеѓу екипите на Окта и Алма М започна со цврст и отворен фудбач. На двете страни се играше цврсто со контролиран напад. Во ваквата игра екипите доаѓаа до отворена шанса за гол но мрежичките мируваа се до 8” кога екипата на Окта преку одлично организиран напад во реализација на Мицевски дојде до водство од 1-0. Во тие моменти екипата на Алма М заигра нешто по офанзивен фудбал и кој кулминираше во 11” мааестрален гол во реализација на Абдула дојде до израмнување на резултатот на 1-1. Во 15” голманот на Окта, Димитриевски, вешто искористи невниманије во одбраната на Алма М и со дфрлање од далечина постигна гол за повторно водство на Окта од 2-1. Во завшната минута од првото полувреме Окта преку Бојковски ја зголеми предноста на 3-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Окта влезе мошне мотивирано играјќи висок пресинг. Тоа вроди со плод со два гола преку дуото Бојковски – Илиќ кои до 25” и донесоа на Окта високо водство од 5-1. Во тие моменти екипата на Алма М ја консолидира својата игра, ја зацврсти играта во делот на одбраната како и бербеноста во делот на нападот. Тоа вроди со плод и со тимска игра во 31” стигна до негатива од само еден гол при резултат 5-4, со што практично се врати во овој натпревар. Во тие моменти екипата на Окта го искористи голманот Димитриевски како гоман-играч, кој со шут од далечина постигна гол и повторно резултатски ја одвои Окта на 6-4. Екипата на Алма М се обиде со висок пресинг да оствари пресврт но екипата на Окта остана присебна, го ја контролираше играта и на крајот славеше победа со резултат 6-4.