Осврт на осумнаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Осврт на осумнаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија

ТАВ не го издржа притисокот на Македонски Телеком
Осумнаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ТАВ и Македонски Телеком, воведните минути од натпреварот поминаа во мирно темпо без многу шанси за погодок и на двете страни. Кон средината на полувремето екипата на Македонски Телеком успеа да искористи еден контра напад и со голот на Лазаревски да дојде до водство од 0-1. По оваа негатива екипата на ТАВ тргна по израмнување но екипата на Телеком одлично ја постави својата игра во одбраната не дозвои изненадување и на полувреме замина со предност од 0-1. Во второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне погодок на самиот старт за водство од 0-2, по оваа негатива екипата на ТАВ со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Телеком ја контролираше играта и резултатот и од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да извојува победа од 3-7.
Стрелци на головите беа:
ТАВ: Мартин Арсовски 28’ 30’ Симиќ 40’
Македонски Телеком: Данило Миладиновски 39’ 40’ Михајло Лазаревски 15’ 23’ Роберт Попоски 35’ Гоце Филипов 26’ Даниел Анчевски 24’

Сава Осигурување со тимска игра до победа над Уника
Одличен старт за екипата на Сава Осигурување во дуелот со Уника, уште на самиот старт екипата на Сава Осигување наметна високо темпо на игра што вроди со плод за водство од 0-2 веќе во 3та минута. Екипата на Уника во 7та минута успеа да постигне погодок и да намали на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурвање имаше повеќе од играта па на полувреме имаше предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на Уника со сите сили се обидуваше да ја намали високата негатива од полувремето но екипата на Сава Осигурвање целосно го контролираше текот на овој натпревар за на крајот да го добие овој натпревар со 2-9
Стрелци на головите беа:
Уника: Никола Апостоловски 7’ Даниел Стојановски 28’
Сава Осигурување: Дарко Црвенковски 33’ Данило Поповски 2’ Јовица Марковски 3’ 19’ 24’ Данило Апостоловски 26’ Оливер Глигоровски 15’ 16’ 35’

Брњарчевски со осум погодоци го водеше Матрикс до победа над Водовд
Фуриозен старт за екипата на Матрикс во дуелот со Водовод, веќе во 11та минута екипата на Матрикс се стекна со предност од 0-5. Екипата на Матрикс уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на Водовод не можеше да го спрати а згора на се и високот водство во раната фаза ја сруши целосно концепцијата на Водовод за на полувреме екипата на Матрикс да замине со високи 2-10. Во второто полувреме екипата на Водовод со сите сили се обидуваше да ја намали високата негатива од полувремето, но екипата на Матрикс ги затвори сите приоди кон својот гол а преку контра напади упеваше да казни за на крајот да извојува висока победа од 7-15
Стрелци на головите беа:
Водовод: Бесим Муслиу 12’ Авни Ајвази 21’ 22’ 33’ Арслан Бејта 20’ 33’ 39’
Матрикс: Драган Брњарчевски 5’ 10’ 12’ 17’ 17’ 31’ 36’ 37’ Антонио Богдановски 11’ Ивица Алампоиоски 4’ Роберт Тасевски 2’ 15’ Панче Дангев 37’ Тони Брњарчевски 20’ 31’

WP Data Tables

Гранит не успеа да ја пробие одбраната на ФК на глуви Слобода
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и Гранит, прва во водство дојде екипата на ФК на глуви Слобода во 6та минута за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Гранит тргна поагресивно по израмнување, но не успеа во таа намера а екипата на ФК на глуви Слобода во 15та минута успеа да постигне уште еден погодок за водство од 2-0. Во последната минута од полувремето екипата на Гранит успеа да постигне погодок за резултат од 2-1 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Гранит со сите сили се обидуваше да ја пронајде својата игра и да дојде до израмнување но не успеа во таа намера па екипата на ФК на глуви Слобода преку контра напад во 35та минута успеа да казни и да дојде до водство од 3-1. До крајот на натпреварот екипата на Гранит притискаше кон голот на ФК на глуви Слобода но не успеаа да ја пробијат нивната одбрана па го загубија овој натпревар со 3-1.
Стрелци на головите беа:
ФК на глуви Слобода: Сатула Алими 6’ 35’ Ивица Јовановски 15’
Гранит: Ристе Бошев 20’

Уни Банка немаше доволно сили во финишот против ЈСП
Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Уни Банка, прва до водство дојде екипата на ЈСП во 6та минута со погодокот на Серафимовски. Следуваше брз одговор од екипата на Уни Банка која за само минута го израмни резултатот на 1-1. Екипата на ЈСП повторно притисна кон голот на Уни Банка па во 9та минута успеа да дојде до водство од 2-1, но повторно екипата на Уни Банка имаше брз одговор па во 10та минута повторно израмни на 2-2. До крајот на полувремето екипата на ЈСП беше таа кој ја имаше иницијативата па на полувреме замина со предност од 4-2. Во второт полувреме екипата на Уни Банка тргна по израмнување и успеа да се доближи на само еден гол негатива, но екипата на ЈСП не дозволи изненадување и во финишот од натпреварот постигна неколку убави погодоци па го доби овој натпревар со 9-6.
Стрелци на головите беа:
ЈСП: Велко Серафимовски 6’ 40’ Сашо Георгиев 24’ Марјан Србиновски 27’ Тихо Фидановски 9’ 13’ 20’ 36’ 38’
Уни Банка: Ивица Орозовски 31’ Александар Кузинаков 7’ Ненад Саздовски 10’ 23’ 30’ 40’

Во неизвесна завршница Џонсон Мети беше поуспешн од Окта
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Окта, прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети со погодок во 6та минута и водство од 1-0. Следуваше брз одговор на екипата на Окта со погодок во 7та минута за израмнување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети имаше повеќе од играта па на полувреме замина со заслужена предност од 3-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 4-1, сепак екипата на Окта продолжи со агресивна игра па успеа во 35та минута да дојде до израмнување и да ја направи завршницата неизвесна. Во ваквата завршниза успешна беше екипата на Џонсон Мети која го доби овој дуел со 6-4.
Стрелиц на головите беа:
Џонсон Мети: Александар Недев 18’ Бојан Дејановски 6’ 23’ 38’ Благојче Божиновски 40’ Христијан Стојановски 13’
Окта: Драганче Стојановски 29’ Драганчо Ѓорѓиевски 29’ Наум Костовски 7’ 35’

А1 со тактичка игра го надмудри МЕПСО
Одлично прво полувреме за екипата на А1 во дуелот со МЕПСО, екипата на А1 уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на МЕПСО не можеше да го прати па од таму и тоа рано водство за А1 од 5 во 11та минута. До крајот на полувремето екипата на МЕПСО се обидуваше да ја намали високата негатива но не успеа во таа намера па на полувреме А1 замина со предност од 3-6. Во второто полувреме екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше да најде против игра за денес расположената екипа на А1, но екипата на А1 одлично ја постави играта во фаза на напад и одбрана, не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 4-12
Стрелци на головите беа:
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 14’ Борис Трајковски 13’ 37’ Диме Рошкоски 6’
А1: Мартин Ангеловски 35’ Мартин Тодоровски 5’ 6’ 8’ 28’ Иле Никодиноски 8’ 11’ 31’ Ненад Богдановиќ 23’ 33’ Мартин Ташкоски 17’ 37’

WP Data Tables

Ван Хоол со одлично прво полувреме до сигурна победа над ЕЛЕМ
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Ван Хоол и ЕЛЕМ, уште на самиот почеток екипата на Ван Хоол наметна високо темпо на игра што и донесе погодок во 5та минута за водство од 1-0. Екипата на ЕЛЕМ со “скратена склупа” без многу можност за ротации даде максимум со цел да дојде до израмнување, но екипата на Ван Хоол не остави многу простор за игра па со уште еден погодок во 11та минута успеа да дојде до водство од 2-0. Во завршницата на полувремето екипата на Ван Хоол успеа да постигне уште два погодоци и на полувреме да замине со солидна предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со притисок кон голот на Ван Хоол, но екипата на Ван Хоол го затвори пристапот кон својот гол и не и дозволи на екипата на ЕЛЕМ резултатски да се приближи. Екипата на Ван Хоол го доби овој натпревар со сигурна предност од 6-1.
Стрелци на головите беа:
Ван Хоол: Игор Минов 11’ 32’ 40’ Филип Белчовски 5’ 20’ Христијан Павловски 19’
ЕЛЕМ: Александар Бокан 36’

Аџибадем Систина со скратен ростер не можеше да му парира на Еуро Табак
Фуриозен старт за екипата на Еуро Табак во дуелот со Аџибадем Систина кои постигнаа погодок уште во првата минута со погодокот на Јанковски за водство од 0-1. Екипата на Систина во 4та минута успеа да реализира еден контра напад за израмнување на 1-1. По ова израмнување следуваше одличен период за екипата на Еуро Табак која до 10та минута успеа да се стекне со водство од 1-4. До крајот на полувремето екипата на Систина се обидуваше да дојде до израмнување но не успеа во таа намера па екипата на Еуро Табак замина на полувремето со заслужена предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на Систина не успеа да ја најде својата игра и да фати резултатски приклучок а екипата на Еуро Табак со сигурна игра од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да слави со убедливи 3-14
Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Кристијан ДИмковски 29’ 40’ Далибор Дамјановиќ 4’
Еуро Табак: Мартин Ливирнски 10’ 16’ 25’ 30’ 30’ Дејан Јанковски 1’ 21’ 22’ 40’ Григориј Јовановски 26’ 33’ 36’ Сашко Јовановски 8’ 8’

Макпетрол во второто полувреме го скрши отпорот на Џојсон Сејти Системс
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Џојсон Сејти Системс и Макпетрол, воведните минути од натпреварот поминаа во испитување на силите и двете екипи беа доста претпазливи и внимаваа на својот гол. Како одминуваше времето и двете екипи започнаа со поотворен фудбал што донесе и погодок во 9та минута за екипата на Макпетрол и водство од 0-1. Екипата на Џојсон Сејти Системс по оваа негатива се префрли на противничко поле и вршеше притисок како би дошла до израмнување, тоа им успеа во 15та минута за израмнување на 1-1. Екипата на Макпетрол во 19та минута од полувремето успеа да искористи кикс во одбраната на Џојсон Сејти Системс и да стрела за 1-2 резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Макпетрол успеа да постигне погодок и да го зголеми водството. ПО оваа негатива екипата на Џојсон Сејти Системс се обиде со промена на тактиката со внесување на голман играч и тргна по целосна офанзива, сепак таквата отворена игра остави проствор во нивната одбрана а тоа го искористи екипата на Макпетрол и преку контра напади успеваше да казни за на крајот да извојува победа од 2-7
Стрелци на головите беа:
Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 15’ Борче Аргиловски 34’
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 21’ 29’ Никола Секуловски 27’ Александар Мишоски 9’ 19’ Христијан Мицевски 31’ 32’

ЕВН со пресврт до победа над Тиквеш
Одличен старт за екипата на Тиквеш во дуелот со ЕВН, тие уште од самиот почеток ја превземаа иницијативата во овој натпревар и со брзи акции успеаа до 8та минута да направи солидно водство до 0-3. Екипата на ЕВН по ова рано водство на Тиквеш се префрли на протиничка половина и до 18та минута успеа да дојде до израмнување на 4-4. Во финишот од полувремето двете екипи имаа одлични шанси за погодок, а екипата на Тиквеш успеа да реализира погодок за водство на полувреме од 4-5. Во второто полувреме екипата на ЕВН со сите сили притисна кон противничкиот гол , но екипата на Тиквеш одлично ја имаше поставено својата одбрана се до 28та минута кога ЕВН успеа повторно да го израмни резултатот. Во остатокот од полувремето се играше гол за гол се до 39та минута кога ЕВН искористи грешка во одбраната на Тиквеш за водство од 8-7 резултат со која заврши овој дуел.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Виктор Валканчев 9’ Томи Илиевски 31’ Бојан СИмоновски 18’ 39’ Ајет Новобрдарија 18’ 19’ Бојан Тодоровски 29’ 35’
Тиквеш: Стефан Ѓалевски 3’ Деко Марков 16’ 30’ Филип Велјановски 8’ 34’ Гоце Ивановски 4’ 18’

Пекабеско со тимска игра до победа над Лукоил
Одличен старт за екипата на Пекабеско во дуелот со Лукоил со погодок уште во првата минута. По оваа негатива екипата на Лукоил започна со поагресивна игра и вршеше притисок што им донесе израмнување во 10та минута. Во ова прва полувреме екипата на Пекабеско имаше повеќе од играта што и се одрази на резултатот на полувреме предност од 5-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил со сите сили се обидуваше да ја пронајде својата препознатлива игра но не успеаа во таа намера а голем хендикеп за нив беше скратениот ростер на играчи што се одрази и на играта. Екипата на Пекабеско со сигурна игра успеа да го приведе овој натпревар во своја корист и да го добие натпреварот со 15-5
Пекабеско: Мартин Чаловски 11’ 34’ Никола Гимовски 1’ 15’ 30’ 33’ 35’ Алвин Бачко 14’ 36’ 39’ 40’ Даниел Китановски 19’ 37’ Марко Ѓоршиевски 32’ Ерсан Зекири 38’
Лукоил: Дејан Зиков 11’ 33’ Мартин Алаѓозовски 10’ 32’ Антонио Фенов 21’

Во неизвесен натпревар Аптив и Рамстор ги поделија бодовите
Прво полувреме во дефанзивен стил одиграа екипите на Аптив и Рамстор, првиот дел од полувремето одмина во мирен ритам во кој и двете екипи ги одмруваа силите. Како одминуваше времето двете екипи го засилуваа темпото на игра па почнаа да се редат и шансите на двете страни. Екипата на Аптив со погодокот на Хрдличка во 8та минута го отвори резултатот за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Рамстор ја превзеде иницијативата и тргна по израмнување, што им успеа во 15та минута со прекрасниот погодокот на Бекир за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето мрежите на двете страни останаа мирни па се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме се продолжи со жесток ритам со многу шанси на двете страни. Кон средината на полувремето поточно во 28та минута екипата на Аптив успеа да реализира еден контра напад за водство од 2-1. По оваа негатива екипата на Рамстор фрли се на една карта и тргна по израмнување што им успеа во 35та минута од натпреварот за израмнување од 2-2. Во останатиот дел од натпреварот беше вистинска драма во која двете екипи ги поделија бодовите.
Стрелци на головите беа:
Аптив: Александар Марковски 28’ Дамјан Хрдличка 8’
Рамстор: Ибрахим Бекир 15’ 35’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Драган Брњарчевски (Матрикс) 8 гола
– Тихо Фиданоски (ЈСП) 5 гола
– Мартин Ливрински (Еуро Табак) 5 гола
– Мартин Тодоровски (А1) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Авни Ајвази (Водовод), Арслан Бејта (Водовод), Јовица Марковски (Сава Осигурување), Оливер Глигоровски (Сава Осигурување), Михајло Лазарески (Телеком), Ненад Саздовски (Уни Банка), Бојан Дејановски (Џонсон Мети), Дејан Јанковски (Еуро Табак), Игор Минов (Ван Хоол), Иле Никодиновски (А1), Мартин Ташкоски (А1), Мишо Ѓорѓиовски (Макпетрол), Никола Гимовски (Пекабеско), Алвин Бачко (Пекабеско), Ибрахим Бекир (Рамстор)

Екипа на колото: Матрикс
Тренер на колото: Зоран Николовски (А1)
Голман на колото: Данило Миладиновски (Телеком)