Осврт на четиринаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките од четиринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија, првото коло од пролетниот дел беа одиграни 13 одлични натпревари полни со пресврти и одлични погодоци

Во премиерниот натпревар од пролетниот дел ЕВН беа подобри од Окта
Пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Окта.
Уште од самиот почеток на мечот двете екипи влегоа мотивирани и започнаа со офанзивен стил на игра. Таквата игра по една одлично одиграна акција во 7та минута со голот на Валканчев и донесе предност на екипата на ЕВН од 1-0. По оваа негатива екипата на Окта започна со поагресивна игра и се обидуваше да фати резултатски приклучок, но екипата на ЕВН одлично ја постави играта во одбраната не дозволи изненадување и на полувремето замина со предност од 1-0. На стартот на второто полувреме екипата на Окта продолжи со агресивна игра со цел да дојде до израмнување, но екипата на ЕВН во 26та минута успеа да искористи еден кикс кај играчите на Окта и да го зголеми водството на 2-0. До крајот на натпреварот екипата на Окта се обиде и со промена на тактиката со внесување на голман играч но не успеа во намерата па екипата на ЕВН го доби овој натпревар со 2-1.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Виктор Валканчев 7’ Илија Манадров 26‘
Окта: Александар Јовчевски 38’

Џонсон Мети со сигурна игра дојде до победа над Уника
Одличен старт на екипата на Џонсон Мети во дуелот со Уника, уште на самиот почеток екипата на Џонсон Мети ја превзеде иницијативата што и донесе комотна предност од 3-0 до 8та минута. Екипата на Уника со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети ја контролираше играта во ова полувреме па на паузата замина со предност од 4-0. Во вториот дел иста слика екипата на Уника со обидуваше да ја намали високата негатива од полувремето но екипата на Џонсон Мети не дозволи изненадување и со сигурна игра го приведе овој натпревар во своја корист со резултат од 11-0.
Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Александар Недев 19’ Бојан Дејановски 36’ Благојче Божиновски 4’ 24’ 26’ 29’ Љупче Стојановски 3’ 24’ Христијан Стојановски 8’ 35’ 40’

Во телекомуникациското дерби Македонски Телеком беа поуспешни од А1
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и А1, екипата на А1 одлично го отвори натпреварот со погодокот на Богдановиќ во 4та минута. По оваа негатива екипата на Телеком започна со агресивна игра што и донесе израмнување во 8та минута со одличниот погодок на Филипов. Неколку минути подоцна односно во 11та минута екипата на Телеком успеа да креира една одлична акција и преку Насковски да постигне погодок за селосен пресврт од 2-1. До крајот на полувремето екипата на А1 се обидуваше да дојде до израмнување но не успеа во тоа па на паузата се замина со резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на А1 со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие успеаа да креираат неколку шанси за израмнување но не успеаа да реализираат па стигна казна во 31та минута кога екипата на Телеком која го зголеми водството на 4-2. До крајот на натпреварот екипата на Телеком умешно се бранеше и успеа да ги однесе бодовите со резултат од 4-2.
Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Стефан Насковски 11’ Гоце Филипов 8’ 31’ Џенгис Бекир 16’
А1: Ненад Богдановиќ 4’ Мартин Ташкоски 18’

WP Data Tables

ФК на глуви Слобода го издржаа притисокот и славеа над Тиквеш
Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви слобода и Тиквеш, екипата на Тиквеш уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе водство во 6та минута со голот на Ивановски. Следуваше брз одговор на екипата на Слобода која со погодоци во 9та и 10та минута за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Слобода имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 5-3. На стартот од второто полувреме екипата на Тивеш започна со поагресивна игра што и донесе израмнување до 33тата минута, веќе следната минута екипата на Слобода со голот на Шаќиров успеа повторно да го превземе водството, до крајот на натпреварот екипата на Тиквеш се обидуваше да се врати но екипата на Слобода беше сигурна во одбраната па го доби овој натпревар со 8-6.
Стрелци на головите беа:
ФК на глуви Слобода: Милош Наумовски 19’ Самир Чеховиќ 9’ 12’ 20’ Сатула Алими 39’ Јасин Алими 10’ Ибо Шакиров 22’ 34’
Тиквеш: Деко Марков 11’ Филуп Велјановски 30’ 33’ Гоце Ивановски 6’ 13’ 27’

Рамстор преку дуото Бекир – Шаќири до сигурна победа над МЕПСО
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу МЕПСО и Рамстор и припадна на екипата на Рамстор која предводена од Шаќири со погдоци во 2та 3та и 6та минута се стекна со комотно водство од 0-3. Како одминуваше времето екипата на МЕПСО успеа да воспостави рамнотежа, и да креира неколку шанси за погодок но имаше слаба реализација па екипата на Рамстор заслуѓено на полувреме замина со предност од 0-3. Во второто полувреме екипата на МЕПСО се префрли на противничка половина и силно притисна кон голот на Рамстор што им донесе неколку одлични погодоци и намалување на разликата. Сепак екипата на Рамстор ја врати контролата врз натпреварот и до крајот не дозволи екипатра на МЕПСО да направи нешто повеќе па го доби овој натпревар со 3-7.
Стрелци на головите беа:
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 36’ Александар Боцевски 30’ 33’
Рамстор: Ибрахим Бекир 34’ 35’ 37’ 40’ Хурјет Шаќири 2‘ 3’ 6’ 30’

Ливрински го водеше Еуро Табак до победа над ТАВ
Динамично прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Еуро Табак, првиот дел од полувремето и припадна на екиупата на Еуро Табак која уште во 7та минута се стекна со висока предност од 0-3. Екипата на ТАВ по оваа негатива се префрли на противничко поле и вршеше силен притисок што им донесе погодок во 9та минута за резултат од 1-3. До крајот на полувремето екипата на ТАВ со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Еуро Табак успешно го сочува својот гол па на полувреме замина со предност од 1-3. На стартот на вториот дел екипата на Еуро Табак успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 1-4. До крајот на натпреварот екипата на Еуро Табак имаше целосна контрола врз играта и резултатот па го доби овој натпревар со високи 3-9.
Стрелци ан головите беа:
ТАВ: Тодорце Насковски 40’ Мартин Арсковски 9’
Еуро Табак: Мартин Ливрински 4’ 6’ 38’ 40’ Дејан Јанковски 32’ 40’ Григориј Јовановски 35’ Сашко Јовановски 7’ 22’

Џојсон Сејфти Системс и Сава Осигурување ги поделија бодовите
Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Џојсон Сејфти Системс и Сава Осигурување помина во мирен ритам без многу шанси за погодок и на двете страни, двете екипи беа фокусирани на својата одбрана. Како одминуваше времето двете екипи го засилија темпото на игра што донесе и погодоци, во 11та минута екипата на Сава Осигурување дојде до водство со погодокот на Поповски следуваше брз одоговор на екипата на Џојсон Сејфти Системс во 12та минута за израмнување на 1-1. Неколку минути подоцна, односно во 14та минута екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството на 1-2, резултат со кој се замина на полувремето. Екипата на Џојсон Сејфти Системс имаше одличен старт во второто полувреме па со два погодоци во 22та и 24та минута успеа да направи целосне резултатски пресврт. По ова екипата на Сава Осигурување ја превзеде улогата на екипа која брка израмнување, во тоа успеа во 37та минута со погодокот на Илиевски и да ја направи интересна оваа завршница. Во ваквата интересна завршница екипите ги поделија бодовите со резултат од 4-4.
Стрелци на головите беа:
Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 24’ 40’ Нерди Бајрами 22’ Живко Стојковски 12’
Сава Осигурување: Данило Поповски 11’ Трајче Илиевски 14’ 37’ Данило Апостолски 39’

На стартот на пролетниот дел Лукоил во вистинска форма

Уште на самиот старт во дуелот помеѓу Водовод и Лукоил, екипата на Лукоил беше таа која ја превзеде инцијативата и успеа да постигне погодок уште во првата минута за водство од 0-1. Овој рано постигнат погодок и даде мотив за уште поагресивно да тргне кон голот на Водовод за веќе во 11та минута да се стекне со водство од 0-4. Екипата на Водовод се обидуваше на повеќе начини да фати резултатски притисок но не успеа во таа намера па на полувреме се замина со предност од 2-4 за Лукоил. Во второто полувреме екипата на Водовод вршеше жесток притисок кон голот на Лукоил со цел да ја намали резултатска разлика, но екипата на Лукоил го контролираше резултатот и играта па го доби овој натпревар со 6-11.
Стрелци на головите беа:
ЈП Водовод: Авни Ајвази 18’ 40’ Стојанче Величковски 31’ Стефан Лазарески 19’ 23’ 37’
Лукоил: Марјан Цветковски 10’ Дејан Зиков 9’ 23’ 32’ Мартин Алаѓозовски 20’ 34’ 38’ Антонио Фенов 1’ 11’ 4’ Владимир Секуловски 39’

Аптив со одлично второ полувреме дојде до пресврт и победа над Уни Банка
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Аптив и Уни Банка. Уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра што донесе шанси за погодок на двете страни. Кон средината на полувремето екипата на Уни Банка со погодокот на Пецевски успеа да го превземе водството. Како одминуваше времето двете екипи започнаа со поагресивен фудбал што во 18та минута на Уни Банка и донесе предност од 0-2. И кога се очекуваше на полувреме да се замине со овој резултат екипата на Аптив успеа да постигне погодок и да намали на 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Аптив ја превзеде иницијативата и вршеше силен притисок кон голот на Уни Банка што вроди со плод во периодот од 30та до 36та минута кога успеаа да постигнат 4 погодоци за целосен резултатски пресврт. Екипата на Уни Банка по овој резултатски шок не успеа да се врати во игра па го загуби овој натпревар со 7-2

Стрелци ан головите беа:
Аптив: Александар Марковски 19’ Дамјан Хрдаличка 30’ Иле Трајковски 35’ 37’ Кире Стаматовски 35’ 36’ 40’
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 11’ Александар Кузинаков 18’

Матрикс со колективна игра до победа над Гранит
Одличен старт за екипата на Гранит во дуелот против Матрикс со погодокот на Петров во 4та минута за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Матрикс започна со силен притисок кон голот на Гранит што во 8та минута со прекрасниот погодок на Даиловски и донесе израмнување на 1-1. Неколку минути подоцна односно во 13та минута екипата на Гранит преку Глигуровски повторно го превзеде водството на 1-2, следуваше брз одговор на екипата на Матрикс со погодокот на Богдановски и израмнвуање во 14та минута. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа преку два брзи погодоци на Богески да стекне солидна предност од 4-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во која екипата на Матрикс успеваше да го контролира резултатот и покрај обидите на Гранит да фати резултатски приклучок. Екипата на Гранит успеа да креира неколку шанси за погодок но не успеа да реалзира а тоа го кознуваше екипата на Матрикс за победа од 7-3 во овој натпревар.
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Петре Даиловски 8’ 32’ Мирко Богески 18’ 19’ Антонио Богдановски 14’ Роберт Тасевски 24’ Симеон Коцевски 40’
Гранит: Дарко Петров 4’ 29’ Николче Глигуровски 13’

Во дерби натпревар Ван Хоол и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа реми
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Ван Хоол и Фабрика Карпош – ГИМ, прва до водство дојде екипата на Ван Хоол со погодок во 7та минута. По оваа негатива екипата на Фабрика Карпош започна со агресивна игра што и донесе израмнување во 9та минута со погодокот на Николовски. Екипата на Ван Хоол во 9та минута успеа повторно да постигне погодок за водство од 2-1 кое успеа да го задри до полувремето и покрај жестокиот притисок на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ. На стартот на второто полувреме екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување, а неколку минути подоцна со вториот гол на Илиевски успеа да направи и целосен резултатски пресврт. Екипата на Ван Хоол по ова се префрли на противничка половина и вршеше притисок кон голот на Фабрика Карпош што вроди со плод во 32та минута за повторно израмнување 3-3 и интересни последни минути. Во ваквата интересна завршница екипите ги поделија бодовите.
Стрелци на головите беа:
Ван Хоол: Ненад Атанасов 9’ 32’ Владо Здравсковски 7’
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 21’ 26’ Игор Николовски 9’

Пекабеско со одлична игра до сигурна победа над ЕЛЕМ
Првото полувреме во дуелот помеѓу екипите на Пекабеско и ЕЛЕМ и припадна на екипата на Пекабеско која уште во третата минута го отвори резултатот за водство од 1-0. Кон средината на полувремето екипата на Пекабеско успеа да го зголеми водството на 2-0, по што екипата на ЕЛЕМ имаше брз одговор и намали на 2-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Пекабеско имаше повеќе од играта па на паузата замина со сигурна предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ со сите сили се обидуваше да резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Пекабеско одлично ја постави играта во одбраната а преку брзи контри го зголемуваше водството што на крајот од натпреварот изнесуваше 7-2.
Стрелци на головите беа:
Пекабеско: Дејан Неделковски 3’ Ѓоре Бочваров 20’ 27’ Александар Арсиќ 17’ Мартин Чалоски 38’ Никола Миновски 11’ Сухамед Бачко 40’
ЕЛЕМ: Златко Станковски 39’ Бобан Дуковски 11’

Есенскиот шампион Макпетрол сигурен во дуелот со Аџибадем Систина
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Аџибадем Систина и Макпетрол во целост и припадна на екипата на Макпетрол. Екипата на Макпетрол уште на самиот старт наметнаа високо темпо на игра што им донесе погодоци во 3та и 5та минутаи водство од 0-2. Екипата на Систина со промена на тактиката се обидуваше да ја пронајде својата игра и да направи резултатски приклучок, но не успеа во тоа па екипата на Макпетрол на полувремето замина со предност од 0-2. На стартот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне погодок и резултатски да се врати во игра, но екипата на Макпетрол за многу кратко време спреми одговор и веќе следната минута успеа да постигне погодок за водство од 1-3. Екипата на Систина со сите сили се обидуваше да се врати во игра, се обидоа и со голман играч но не успеаа во таа намера па екипата на Макпетрол го доби овој натпревар со 1-4.
Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 23’
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиоски 5’ 40′ Бенер Бекироски 3’ Марко Костенцовски 24’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Кире Стаматовски (Аптив) 3 гола
– Мартин Ливерински (Еуро Табак) 4 гола
– Мартин Алаѓозовски (Лукоил) 3 гола
– Ибрахим Бекир (Рамстор) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Стевче Влековски (Џојсон Сејфти Системс), Хурјет Шакири (Рамстор), Самир Чеховиќ (ФК на глуви Слобода), Гоце Ивановски (Тиквеш), Гоце Филиповски (Македонски Телеком), Благојче Божиновски (Џонсон Мети), Христијан Стојановски (Џонсон Мети), Трајче Илиевски (Сава Осигурување), Дејан Зиков (Лукоил), Антонио Фенов (Лукоил), Мирко Богески (Матрикс), Петре Даиловски (Матрикс), Стефан Лазарески (Водовод)

Екипа на колото: Лукоил
Тренер на колото: Васко Стефанов (Лукоил)
Голман на колото: Данило Миладиновски (Телеком)