Пекабеско со тимска игра до победа над Лукоил

Пекабеско 15-5(5-2) Лукоил

Пекабеско: Мартин Чаловски 11’ 34’ Никола Гимовски 1’ 15’ 30’ 33’ 35’ Алвин Бачко 14’ 36’ 39’ 40’ Даниел Китановски 19’ 37’ Марко Ѓоршиевски 32’ Ерсан Зекири 38’
Лукоил: Дејан Зиков 11’ 33’ Мартин Алаѓозовски 10’ 32’ Антонио Фенов 21’

Одличен старт за екипата на Пекабеско во дуелот со Лукоил со погодок уште во првата минута. По оваа негатива екипата на Лукоил започна со поагресивна игра и вршеше притисок што им донесе израмнување во 10та минута. Во ова прва полувреме екипата на Пекабеско имаше повеќе од играта што и се одрази на резултатот на полувреме предност од 5-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил со сите сили се обидуваше да ја пронајде својата препознатлива игра но не успеаа во таа намера а голем хендикеп за нив беше скратениот ростер на играчи што се одрази и на играта. Екипата на Пекабеско со сигурна игра успеа да го приведе овој натпревар во своја корист и да го добие натпреварот со 15-5