Петкоски со четири гола ја водеше Халк Банка до победа во дуелот со Корпа

Корпа 5-7(1-3) Халк Банка

Корпа: Никола Спасовски 13” 26” 38”, Љубомир Трповски 33”, Александар Ванчески 40”
Халк Банка: Дарко Крстевски 13” 19”, Алпер Тахир 14”, Дејан Петкоски 21” 24” 35” 37”

Крајно тврд и неизвесен натпревар одиграа екипите на Корпа и Халк Банка. Во првата фаза од првото полувреме се играше одлична одбрана и на двете страни, екипите не дозволуваа да се стигне лесно до позиција за гол. Прва до водство дојде екипата на Корпа во 13” преку Спасовски, но Крстевски кај Халк Банка по неполна минута израмни на 1-1. Во тие моменти Халк Банка ја превзеде иницијативата и до крајот на полувремето имаше водство од 1-3.
Во второто полувреме кај Халк Банка проработе Петкоски кој одигра маестрален натпревар и постигна дури 4 гола за едно полувреме со што Халк Банка направи резултатска предност. Во самата заврпница екипата на Корпа со неколку одлични акции успеа резултатски да се приближи, но времето беше сојузник на Халк Банка, па Халк Банка славеше на овој натпревар со резултат 7-5.