Петров со хет-трик во второто полувреме им донесе победа на Гранит во дуелот со Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка 3-5(2-1) Гранит

Шпаркасе Банка: Игор Каланоски 28’ Спасе Спасовски 2’ Христијан Тодоровски 20’
Гранит: Аце Димитровски 3’ Ненад Антовски 25’ Марио Петров 33’ 35’ 38’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Шпаркасе Банка и Гранит, двете екипи во овој натпревар влегоа со сигурна игра со многу подавања на средината од теренот. Екипата на Шпаркасе Банка прва го отвори резултатот со погодокот на Спасовски во втората минута а веќе следната акција Гранит возврати и израмни на 1-1. Екипата на Шпаркасе Банка ја превзеде иницијативата и вршеше притисок кон противничкиот гол, а Гранит со контра напади и удари од далечина се обидуваше да дојде до водство. Во финишот од полувремето екипата на Шпаркасе Банка по една добро изработена акција успеа да дојде до повторно водство и на паузата да замине со резултат од 2-1. На стартот на второт полувреме екипата на Гранит дојде до повторно израмнување на 2-2, но екипата на Шпаркасе Банка во 28та минута дојде до повторно водство од 3-2. До крајот на натпреварот кај екипата на Гранит проработе Петров кој со три гола и донесе целосен резултатски пресврт и победа на својата екипа во овој дуел со 3-5.