Гранит 4-5(2-4) Аптив
Гранит: Николче Глигуровски 40’ Мартин Фотевски 4’ Виктор Нацев 9’ 37’
Аптив: Љубиша Кузмановски 2’ Марио Настевски 20’ Стефан Петрушевски 6’ 10’ 27’
Одличен почеток на екипата на Аптив во дуелот со Гранит, тие уште во 2та минута со погодокот на Кузмановски успеаа да го отворат резултатот. По оваа негатива екипата на Гранит успеа брзо да ги консолидира своите редови и со погодок на Фотевски во 4та минута успеаа да го израмнат резултатот. Во продолжението од полувремето екипата на Аптив со започна со офанзивна игра и со одлична завршница успеа да стекне резултатска предност. До крајот на полувремето екипата на Гранит не успеа да ја нулира предноста на Аптив кои на паузата заминаа со предност од 2-4. Во второто полувреме екипата на Гранит во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и да успеа резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Аптив одлично ја постави одбраната и со брзи контра напади узпеваше да ја одржи резултатската предност. Екипата на Гранит која денес беше со кратка клупа и речиси без измени не успеваше да парира на расположените Аптив кои на крајот од овој натпревар славеа со резултат од 4-5.