Во фер-плеј натпревар Фабрика Карпош – ГИМ ја совлада Пивара Скопје

Пивара Скопје 3-6(1-3) Фабрика Карпош – ГИМ

Пивара Скопје: Ненад Вељовиќ 9”, Горан Гудески 22” 33”
Фабрика Карпош – ГИМ: Кире Крстевски 6”, Филип Илиевски 7”, Лазар Божиновски 15” 29”, Георги Божиков 30” 35”

Натпреварот помеѓу Пивара Скопје и Фабрика Карпош – ГИМ започна со отворен фудбал. И двете екипи со конторлирана игра во нападот и брзи проигрувања се обидуваа да дојдат до изработена акција за гол. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Крстевски во 6”, на кој по не цела минута му се приклучи Илиевски за водство од 0-2. Екипата на Пивара Скопје успеа да возврати преку Вељовиќ во 9” и да го намали водството 1-2. Во завршната фаза од полувремето, Божиновски кај Фабрика Карпош – ГИМ успеа да стигне до погодок и го зголеми водството на 1-3, резултат со ко јсе отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра зголемувајќи го водството. Кај екипата на Пивара Скопје Гудески со два гола се обиде да одржи резултатска неизвесност но тоа не беше доволно за вечерва расположената екипа на Фабрика Карпош – ГИМ да се демотивира. На крајот на овој натпревар Фабрика Карпош – ГИМ славеше со 3-6.