Повратникот во Бизнис Лигата Алкалоид со победа над Киел ја отвори сезоната

Алкалоид 4-2(0-0) Киел

Алкалоид: Марко Марковски 24’ Дарко Петрушевски 27’ 29’ Стефан Димовски 35’
Киел: Мартин Михајловски 32’ Перица Николовски 37’

Шеснаесеттата сезона од Бизнис Лигата на Македонија ја отворија екипите на Алкалоид и Киел, двете екипи од самиот почеток на натпреварот започна со цврста игра и ги тестираа своите сили. Екипата на Алкалоид користејќи го својот голман како голман играч почесто се закануваше кон голот на противникот додека пак екипата на Киел својата шанса за реализација ја бараа преку брзи контра напади. Двете екипи имаа одлични шанси за погодок но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Израмнетата игра на екипите се одрази и на резултатот кој до полувремето беше 0-0. Екипата на Алкалоид имаше одличен почеток во второто полувреме и до 29та минута успеа да стекне солидна предност од 3-0. Екипата на Киел во 32та минута успеа да го намали резултатот на 3-1 со погодокот на Михајловски, сепак екипата на Алкалоид во второто полувреме ја имаше контролата врз играта и резултатот и не дозволи противникот да дојде до шанси за израмнување на резултатот. До самиот крај екипата на Киел имаше одлични шанси но не успеа ја стопи резултатската негатива па екипата на Алкалоид на крајот од овој дуел славеше со 4-2.