
Пожарна Скопје 5-3 (0-1) Матрикс
Пожарна Скопје: Пепи Трајчевски 31’, Ерџан Шерифовски 33’, 39’, Егзон Халими 24’, Никола Малов 28’
Матрикс: Драган Брњарчевски 17’, Даниел Боневски 34’, Тони Брњарчевски 25’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Пожарна Скопје и Матрикс, кои настапија со цврста и сигурна игра, приредувајќи интересен натпревар. Двете екипи играа борбено, со прецизни додавања и добро организирани одбрани, а преку брзи контранапади се обидуваа да дојдат до погодок за водство. Матрикс успеа да ја искористи грешката во одбраната на Пожарна Скопје и во 17. минута преку Драган Брњарчевски да поведе со 0-1. До крајот на полувремето Пожарна Скопје се обидуваше да дојде до израмнување, но Матрикс успешно ја чуваше својата мрежа и на паузата замина со минимална предност. Во второто полувреме Пожарна Скопје заигра со голман-играч, што се покажа како вистински потег. Егзон Халими во 24. минута го постигна погодокот за израмнување на 1-1. Матрикс брзо возврати и преку Тони Брњарчевски во 25. минута повторно поведе, овојпат со 1-2. Пожарна Скопје продолжи со цврста и офанзивна игра, а Никола Малов во 28. минута го израмни резултатот на 2-2. Во продолжението Пепи Трајчевски во 31. минута и Ерџан Шерифовски во 33. минута ѝ донесоа водство од 4-2 на својата екипа. Матрикс не се предаваше, го подигна темпото на игра и преку Даниел Боневски во 34. минута намали на 4-3, внесувајќи дополнителна неизвесност во завршницата. Сепак, Пожарна Скопје успеа да ја сочува предноста, а Шерифовски со својот втор погодок во 39. минута го постави конечниот резултат од 5-3.
Играч на натпреварот: Пепи Трајчевски (Пожарна Скопје)