
Пожарна Скопје 6-3(1-3) Авенга
Пожарна Скопје: Петар Трајчевски 27’ 29’ Егзон Халими 20’ 39’ Артан Авдиу 29’ 34’
Авенга: Иван Сотировски 9’ Ендит Морени 12’ Александар Милевски 13’
Цврсто прво полувреме пиркажаа екипите на Пожарна Скопје и Авенга, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со отворена игра. Екипата на Авенга прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Сотировски во 9та минута, ова им даде дополнителен мотив за посилно да притиснат во предно поле и да ја зголемат предноста на 0-2 преку Морени во 12та минута, а веќе во следниот напад преку Милевски да дојдат до 0-3. Екипата на Пожарна Скопје не успеваше да дојде до отворена шанса за реализација, што противникот максимално го изкористи. Екипата на Пожарна Скопје по груб старт остана со играч помалце но екипата на Авнега не ја искористи оваа предност па до полувремето екипата на Пожарна Скопје успеа да намали на 1-3 со погодокот на Халими. Во второто полувреме екипата на Пожарна Скопје ги консолидира своите редови и започна со топење на резултатската негатива. Па до 29та минута успеа да дојде до израмнување на 3-3 и да ја врати резултатската неизвесност во дуелот. Веќе во следниот напад екипата на Пожарна Скопје успеа да дојде до целосен резултатски предност од 4-3 со погодокот на Авдиу. До крајот на натпреварот екипата на Пожарна Скопје со одлична игра успеа да ја зголеми предноста и да слави во овој дуел со 6-3.
Играч на натпреварот: Егзон Халими (Пожарна Скопје)