Рамстор со голман играч до сигурна победа над Спорт Лајф

Рамстор 13-6(5-3) Спорт Лајф

Рамстор: Емран Селим 28’ 33’ 37’ Ибрахим Бекир 5’ Алтај Иметовски 14’ 17’ 39’ Фејби Биљаљи 8’ 10’ 25’ 27’ 31’ Ведат Арсалн 35’
Спорт Лајф: Горан Трајков 32’ 32’ Ален Мехмед 17’ Иван Миланов 20’ 29’ Бојан Тркалески 3’

Одличен старт за екипата на Спорт Лајф во дуелот со Рамстор, тие на самиот старт од полувремето во 3та минута го отворија резултатот и поведоа со 0-1. По ова рано водство на Спорт Лајф екипата на Рамстор ги консолидира своите редови и атакуваше на противничкиот гол и за само 5 минути успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Рамстор ја имаше контролата врз топката па на паузата заминаа со предност од 5-3. Во второто полувреме екипата на Рамстор продолжи со одлична игра и од минута во минута успеваше да го зголеми водството. Рамстор имаше одлична поставеност во играта со голман играч каде што успеваше да направи вишок играч и дојде до отворени шутеви кон голот на противникот. Екипата на Спорт Лајф во ваквата поставеност не можеше да фати вистински ритам и најде против игра па убедливо го загуби овој натпревар со 13-6.