Реми во дуелот со ЈСП и УНИКА

ЈСП 4-4(2-2) УНИКА

ЈСП: Мартин Ливрински 12” 15” 38”, Гоце Крстевски 26”
УНИКА: Роми Адеми 3, Беким Љута 11”, Рони Адеми 3” 34”

Екипата на УНИКА со маестрална игра го започна првото полувреме во дуелот со ЈСП. Играше цврста одбрана што и овозможуваше преку контра напад да доаѓа до отворени шанси за гол. Кога на ова ќе се додаде одличната реализација која не изостана, УНИКА успеа да дојде до предност од 0-2. Екипта на ЈСП успеа да ги консолидира своите редови и со одлична игра во делот на нападот успеа да израмни на 2-2. Во овие моменти екипата на ЈСП имаше и слободен удар кој не успеа да го искористи па на полувремето се замина со израмнет резултат.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Се играше крајно израмнето и на двете страни, екипите не дозволуваа ниедна од нив резултатски да се одлепи. Во ваквата поставеност се играше гол за гол се до самиот финиш од овој натпревар кога екипите ги поделија бодовите