Савевски со хет-трик ја водеше Нетцетера до победа над Гранит

Гранит 3-5(2-3) Нетцетера

Гранит: Виктор Нацев 8”, Димитар Илиевски 12”, Ненад Антовски 39”
Нетцетера: Михаил Теговски 2”, Филип Савевски 7” 9” 22”, Мирослав Радиќ 40”

Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Нетцетера. Прва до водство дојде екипата на Нетцетера во 2” преку Теговски кој со маестрален гол му донесе предност на својот тим од 0-1. Неколку минути подоцна во 7” се приклучи и Савевски кој и донесе водство на Нетцетера од 0-2. Во тие моменти проработе нападот на Гранит и со два гола во низа во реализација на дуото Нацев- Илиевски, Гранит успеа да намали на 2-3, резултат со кој се отде на полувремето.
И двете екипи во второто полувреме играа цврста одбрана со што успеаа успешно да ги затворат приодите кон голот. Екипта на Нетцетера поведе со 2-4 преку Савевски на кој ова му беше трет гол за хет-трик, но екипата на Гранит успеа да влезе во неизвесна завршница со голот на Антовски со кој Гранит дојде до само еден гол негатива. Во тие моменти Радиќ кај Нетцетера стави точка на овој натпревар кој Нетцетера го доби со 3-5.