СИГАЛ Иншуренс Груп со одлична завршница до победата над Лукоил

Лукоил 3-5(0-2) СИГАЛ Иншуренс Груп

Лукоил: Петар Лефков 23’ Андреј Симоновски 36’ Ване Христов 36’
СИГАЛ Иншуренс Груп: Шабан Чупи 9’ Аднан Лимани 16’ Арбен Нухиу 37’ Беким Љута 35’ 40’

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Лукоил и СИГАЛ Иншуренс Груп, двете екипи на врвот од табелата се обидуваа да дојдат до бодовите во овој дуел. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп прва го отвори натрпеварот со погодокот на Шабан Чупи, ова ја примора екипата на Лукоил да го подигне темпото на игра и се почесто да се заканува кон голот на противникот. Екипите играа цврсто со точни подавања и својата шанса за реализација ја чекаа на грешка на противникот. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп со погодокот на Лимани во 16та минута успеа да золгеми на 0-2, до крајот на полувремето екипата на Лукоил се обидуваше да реализира но СИГАЛ Иншуренс Груп успеа да ја сочува предноста до полувремето од 0-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил со офанзивна игра се почесто се закануваше кон голот на противникот и почна да ја топи резултатската предност на противникот а до 36та минута успеаа да дојдат до зирамнување на резултатот од 3-3 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп ги искористи своите шанси и на крајот од овој дуел славеше со 3-5.