Симоновски со хет-трик го водеше Лукоил до победа над Алкалоид

Алкалоид 1-8(1-3) Лукоил

Алкалоид: Дарко Петрушевски 40”
Лукоил: Александар Ѓеорѓиевски 8”, Димче Андов 9” 38”, Петар Лефков 17”, Димитар Иванов 29”, Андреј Симоновски 33” 35” 40”

Дуелот помеѓу екипите на Алкалоид и А1 започна со израмнети сили. И двете екипи настапија максимално мотивирани уште од првата минута, играјќи цврст и отворен фудбал по целиот терен. И двете екипи создаваа бројни шанси за гол, но во секој налет одбраната и на двете страни беше на ниво на задачата и не дозволуваше лесно пробивање до голот. Сето ова се смени во средината на прворо полувреме кога кај Лукоил проработи дуото Ѓеорѓиевски – Андов, кои со по еден погодок во размер од 1 минута и донесоа предност на Лукоил од 0-2. И покрај приликите кои Лукоил ги создаваше како би го загрозила голот на противникот, Екипата на Лукоил остана присебна и го водеше темпото на играта во натпреварот. Во таквата игра Лукоил во 17” преку лефков дојде до водство од 0-3. Во завршната минута од првото полувреме Петрушевски кај Алкалоид при одлично пресечен контра напад на Лукоил постигна гол за резултат на полувремето од 1-3.
Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одличната игра. Преку децидна одбрана и контролирана игра во предно поле крунисана со беспрекорна реализација, од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Алкалоид се обидуваше со чести измени да го прати темпото кое Лукоил го наметна, но и покрај борбената игра, не успеа да најде соодветна против-игра како би се вратиала резултатски во овој натпревар, па на крајот Лукоил славеше победа со резултат 1-8.